Прилепчани со секира избркале екипа на ЕВН, не им дале да сменат броило

Во Одделението за внатрешни работи во Прилеп вчера во 13:45 часот вработен во ЕВН Македонија пријавил дека на екипа на ЕВН, која имала работен налог за смена на броило на ул.„Беровска” во Прилеп, чиј корисник е А.Р.(59), од поголема група на граѓани биле навредувани и им биле упатувани закани дека со секира ќе им ги скршат возилата.

Според пријавеното, додека го менувале броилото, едно женско лице ги попречувало во работата, по што се качиле во возилата и го напуштиле местото, без да ја завршат целосно предвидената работа. ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот.