Продолжува да расте бројот на жртви во Шпанија

Во Шпанија вкупниот број на починати како последица од коронавирусот изнесува 27.133, за пет повеќе од вчера.

Шпанското Министерство за здравство престана секој ден да ја објавува бројката на смртни случаи, но денеска е соопштено оти во последните седум дена починале 56 луѓе. Вкупниот број на потврдени случаи на инфицирани во Шпанија изнесува 240.660.