Седумгодишно дете паднало од тераса во Кавадарци

Седумгодишно дете паднало од тераса, по што се здобило со повреди и било пренесено на Клиника во Скопје.

„На 01.06.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци, од тераса на куќата во која живее, паднало седумгодишно дете и се здобило со повреди, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ соопштуваат од полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.