Скано: Има мала мутација на вирусот, нема докази дека во една земја е посилен од друга

СЗО соработува со многу истражувачки центри. Во моментот повеќе од 40 000 мостри(примероци) се секвенционирани. Она што го знаеме е дека има мала мутација на вирусот, но тоа не ја објаснува разликата во потентноста на вирусот од земја на земја, изјави Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО, за Европа, одговарајќи на прашање на НОВА, дали има разлика во силината на вирусот од земја до земја.

Го прашавме, зошто во Македонија вирусот е толку силен што на респиратори завршуваат млади луѓе, во болница доаѓаат на нога и до вечерта се приклучуваат на апарати за дишење. Која е причината за ова, какво е објаснувањето на СЗО? Дали вирусот мутирал.

„Епидемидемиологија е комплексна наука. Во некои земји, како на пример во Македонија просечната возраст е 44 години, што значи помлада популација. Во други земји е повисока таа возраст. Секако знаете дека постарата популација има коморбидитети, односно други болести и со таа е поранлива.

Понекогаш луѓето доаѓаат во задоцнета фаза во болницата и тоа не е поврзано со силата на вирусот. Има и други фактори кои што играат улога.

Да се навратам на вашето прво прашање, нема се уште докази дека вирусот во една земја е посилен од вирусот во друга земја. СЗО и понатаму собира докази на ова поле и будно следи потенцијални мутации на вирусот“, одговори Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО, за Европа.

Извор Нова