Стотици илјади демонстранти на улиците на најголемите градови во САД

Стотици илјади демонстранти се собраа на улиците на поголемите американски градови ,барајќи правда за убиениот афроамериканец Џорџ Флојд , убиен за време на неговото апсење во Минеаполис, како и за други афро-американски жртви на полициска бруталност.

Претежно мирни протести со стотици илјади учесници се одвиваа на улиците на Њујорк, Лос Анџелес, Филаделфија, Вашингтон, Атланта, Сан Франциско, Сиетл и други градови.

Немало потреба од полициска интервенција во повеќето градови, но најмалку еден полицаец бил повреден во судирот со демонстрантите во Њујорк. Судирот избувнал кога полицијата ги спречи демонстрантите да напредуваат по улиците на Бруклин, а мала група која се издвојувала го обиколила полицискиот автомобил.

Според извештајот на Си-Ен-Ен, дошло до судир по што биле приведени неколку демонстранти.

Многумина го припишуваат смирувањето на ситуацијата на улиците на американските градови на различен пристап на полициските сили. На пример, во Њујорк на демонстрантите им било дозволено да останат на улиците дури и откако ќе стапи на сила декларираниот полициски час.

„Нашата порака стигна до демонстрантите“, рече полковникот Кевин Кнап од полицискиот оддел Атланта, додавајќи дека полицијата поддржува 99 проценти од демонстрантите кои протестираат мирно, без проблеми.

„Свесни сме дека мора да има систематска промена. Но, другата страна исто така мора да нè разбере“, заклучи Кнап, чии шест колеги биле приведени под обвиненија за злоупотреба на службената должност и прекумерна употреба на сила против две лица, кои подоцна биле идентификувани како студенти.

Во Вашингтон, на полициските службеници им помаганале во одржувањето на редот и припадници на Националната гарда.

Извор Канал5