Филипче: Нема да се брза со одлука за отворање на границите

Не треба да се избрза со одлука за отворање на границите кога има зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека таквиот став е донесен и покрај тоа што кластерите се под контрола.

„Соседите ќе ја гледаат бројката и нема да биде коректно кон нив“, рече Филипче.