„Форбс“ објави листа на најбезбедни земји во време на пандемија, Македонија на 103. место

Форбс“ објави листа која покажува кои земји се најбезбедни во време на пандемијата на коронавирусот. На првото место е Швајцарија, втора на листата е Германија, додека пак на 100. место се Бахамите. Според анализата Македонија е сместена на 103. место, а како најопасна земји се смета Јужен Судан која е последна на листата.

„Првите места им припаднаа на Швајцарија и Германија, поради силната економија и претпазливоста за време на олабавувањето на мерките“,

се вели во сторијата.

На трето место е Израел, потоа доаѓа Сингапур, Јапонија, Австралија и Кина на седмо место.

Поголем дел од земјите во регионот се најдоа меѓу првите 100, а Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија се наоѓаат и пред Русија и САД.

Од регионов најдобро е позиционирана Словенија на 32. место, четири места зад неа е Хрватска, додека Црна Гора е на 42. место. Србија пак се најде на 54. место, а Албанија на 88. место.

САД се на 58. место веднаш по Романија, а Русија е на 61. место.

Податоците се базираат на 130 параметри, како и на повеќе од 11.000 информации во такви категории, како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикасност на владите.

Во овој момент, според извештајот, најопасни држави се Африка, Јужна Америка, како и некои блискоисточни земји и држави од Пацификот.