Албанија ќе го врати карантинот?

0
115
Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Премиерот на Албанија, Еди Рама ги предупреди своите граѓани дека доколку не ги почитуваат протоколите или правилата од Министерството за здравство, ќе мора да го вратат карантинот. В оваа држава бројот на заразени расте, и ако продолжи, враќањето на рестриктивните мерки е неопходно.

„Нема да се дозволи никаков вид групирања, вклучувајќи и политички. Слободното движење е гарантирано, но собирања, со поголем број од дозволениот со безбедносните протоколи, нема да се дозволи. Полицијата ќе ја спроведува својата должност,без да прави никаква разлика и кој ќе учествува во собири ќе биде казнет индивидуално“, вели Рама.