Армиски медициснки персонал ќе им помагаат на колегите од јавното здравство во земање брисеви за ковид-19

0
70

Армиски медициснки персонал ќе им помагаат на колегите од јавното здравство во земање брисеви за ковид-19, откако бројката на новозабоолени денеска се искачи за 175. За само шест дена бројката на активни случи во земјава скокна за 748. Се зголемува и бројот на медициснки лица од болницата 8 сепетември со ковид -19, но надлежните уверуваат дека работата на болницата не е загрозена.

Шест дена откако беа регистрирани рекордните 180 случи со Ковид-19 во земјава, таа повторно изброи речиси идентична бројка нови случи со коронавирус – денеска 175. Со тоа вупната бројка на заболени достигна 3.538 или за шест дена зголемување на 748.

Скопје повторно е на врвот на листата на новозаболени со 131 сличај со што вкупната бројка на активни случи во главниот град е блиску до 1.000 односно 960. Куманово по вчерашните 4 нови случи денеска има нови 24, таму вкупно во моментов од коронавирус се лечат 179 лица. Двојно помалку случаи од вчера броти Тетово пет, Велес е веднаш до него со четири, додека Штип, Прилеп, Струга, Гостивар и Свети Николе бројат по двајца и Охрид само еден.

Во последните 24 часа како последица од коронавирусот починале пет лица. Пациент од Прилеп на 72 години починал при прием во амбулантата на Клиниката за Инфективни болести, додека во Болницата „8 септември“ починале тројца пациенти од Скопје и тоа на возраст од 59, 60, 64 годни и еден пациент од Гостивар на 72 години. Вкупната бројка н апочинати сега е 169 лица.

Од Скопските општини Чаир денеска има 11 активни случи повеќе од вчера или вкупно 206 активни случи, додека Бутел, Аеродром, Гази Баба, Центар и Карпош имаат меѓу 72 и 76 активни случи. Следи Сарај со 64, пас Кисела вода со 43.

Во бројот на новорегистрираби има и медисински лица. Со позитивиен тест денеска меѓу нив се вборјува и медицинска сестра од болницата 8 Септемеври, со што вкупната бројка на заболен медицински персонал во боницата е 16.

Бухова притоа информира дека првите двајца заболени во болницата 8 септември не се заразиле на работно место, туку дека дека вирусот го донеле од надвор.

Зголеменито број на новозаболени го зголеми и број на лица, нивни контакти кои се во замоизолација. Во последните 24 часа издадени се 125 решенија за изолација. Поради зголемениот обм на работа на тимовите кои земаат брисеви на терен микнистерствотѕо за здравствбо побара помо во тоа од армијата.

Армијата позитивно му одговорила на Министерството за здравство за вклучување на нејзин воено-медицинскиот пероснал во тестирање на населението за Ковид-19. Како што дознава Телма се работи за еден до два тима кои ќе бидат инкорпорирани во веќе постојните тимови на Институтот и Центрите за јавно здравје кои се веќе на терен. Од Генералштабот на АРМ за Телма информираат дека денеска се прават подготовките, а планирано е веќе од утре тимовите да му бидат на располагање на министерството за здравство, од кое потоа ќе зависи кога ќе ангажираа на терен. Неофицијално се дознава дека овие тимови би биле ангажирани за земање на бризови на луѓето кое веќе е наоѓаат во самоизолација.

Извор Телма