Армијата доби нови униформи – Шекеринска денес ќе присуствува на нивната промоција во касарната Илинден

0
78

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска  вторник (23.06.2020) во 10.00 часот во касарната Илинден ќе се сретне со припадниците на единиците на Армијата кои добија нови униформи при што ќе има обраќање со кое ќе го означи крајот на вонредната состојба и ќе им честита за помошта што ја даваа на цивилните институции и на населението за времетраењето на вонредните мерки. Вкупната нарачка на униформи изнесува 9.100 комплети палта и пантолони. Со новите армиски униформи се заокружува пакетот мерки преземени од министерката Шекеринска за надминување на затекнатата состојба во Армијата со дотраена војничка и борбена опрема, ниски плати, селективна исплата на закупнина за стан, укинати дневници за дежурство, неповолни услови за пензионирање и недоволен буџет во одбраната за одржување на функцијата на Армијата.

Почитувани претставници на медиумите ве молиме да се придржувате до мерките за носење заштитни маски и одржување на растојание од 2 метр и.