Ахмети: Премиер – Албанец е национална албанска кауза, наш национален сон!

0
139

Дали Ахмети ќе го отсонува сонот и за премиер Албанец или ќе замине во политичка пензија.

По идејата за консензуален претседател и со функцијата претседател на Собранието, Али Ахмети влегува во изборна кампања дека време е да се оствари и овој сон.

Иако 2001-та е далеку првиот интегративец е прилично самоуверен дека и тогаш оние кои се потсмевале го кренале белото знаменце.Кога веруваме нешто ни сме спремни да жртвуваме се,порачува Ахмети .

Кампањата за премиер Албанец која ДУИ ја почна пред неколку дена не наиде на поддршка во кампусот на партиите на Албанците, кои пред една година беа одбиени од ДУИ на нивното барање да се обединат за претседател Албанец. Предлогот на ДУИ го отфрлија и СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ . За дел од аналитичарите пак ова е само маркетиншки потег на ДУИ во битката за гласови, критикувајќи го токму форсирањето на етничкиот клуч во политиката, кој може на ДУИ да им се удри од глава.

Од ДУИ деновиве тврдеа дека Ахмети не претендира за премиерската позиција. Во денешното обраќање тој рече дека оваа идеја е поголема од секоја личност и партија, не се однесува на ДУИ ниту пак за него лично.

Иако извори од ДУИ деновиве брифираа дека има неколку претенденти за премиерска позиција, од партијата засега не потврдуваат дека токму бизнисменот Лазим Дестани ќе биде кандидатот на ДУИ за премиер.