Бајден утре во Хјустон ќе се сретне со семејството на Флојд

0
139

Претседателскиот кандидат на демоктарите Џо Бајден утре ќе отпатува во Хјустон, каде ќе се сретне со членовите на семејството на Џорџ Флојд.

Смртта на Флојд предизвика протести ширум земјата заради расна неправда, а состанокот го најавиле двајца анонимни високо позиционирани помошници.

Според нив, се очекува Бајден да изрази сочувство до семејството на Флојд и да сними видео порака за неговиот погреб, кој во понеделник ќе биде одржан во Хјустон во сојузната американска држава Тексас.

Ројтерс наведува дека не се очекува Бајден да присуствува на самата комеморација.

Ковчегот со телото на Флојд пристигна во Тексас, каде утре ќе биде одржана трета комеморација и погреб, рекол шефот на полицијата во Хјустон Арт Асеведо.

Предвидено е утре неговото тело да биде јавно изложено шест часа на комеморација во Хјустон по што ќе биде погребан, пренесе „АП“.

Флојд почина на 25 мај во Минеаполис за време на приведување кога полицаец му држеше колено на врат повеќе од осум минути, а неговата смрт предизвика протести против расната дискриминација и полициската бруталност во САД, но и ширум светот.

Претходно комеморативни служби се одржани во Минеаполис, каде што Флојд е убиен и во РЕдфорд, неговото родно место во Северна Каролина.

Извор Канал5