Белата куќа-Трамп не е брифиран за разузнавачкиот извештај поврзан со руската служба

0
87

Белата куќа негира дека американскиот претседател Доналд Трамп бил брифиран за извештајот на американските разузнавачи во кој се наведува дека руското воено разузнавање им нудело пари на милитантите поврзани со Талибанците за убиства на американските војници во Авганистан. Од Белата куќа наведуваат дека за тоа не биле брифирани ниту претседателот Трамп, ниту потпретседателот Мајк Пенс.

Ваквата реакција следува откако вчера весникот Њу јорк тајмс повикувајќи се на брифинг од неименувани американски извори објави дека тајната едница на руското воено разузнавање ГРУ нудело пари на милитантите кои се поврзани со Талибанците да убиваат војници на САД и коалициските сили во Авганистан. Според весникот Трамп за ова бил брифиран во март.