Битолчанка ја пронашла својата мајка мртва во нејзиниот стан

0
75

Битолчанка ја пронашла својата мајка мртва во нејзиниот стан во Битола.

-Вчера утрината во околу 09:00 часот во СВР Битола, Ц.И. од Битола пријавила дека во стан ул. „Пецо Божиновски“ во Битола сопственост на нејзината мајка Љ.П.(86), која имала здравствени проблеми, истата ја пронашла почината. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција – информира МВР.