Би-Би-Си: Нов вирус кај свињи во Кина, може да премине на луѓе и да предзвика пандемија

0
78

Научници во Кина идентификуваа нов вид вирус на грип кој би можело да прерасне во пандемија, јавува Би-Би-Си. Тој неодамна се појавил кај свињи, но, како што велат, со него може да бидат заразени и луѓе. Истражувачите се загрижени дека може дополнително да мутира и да започне лесно да се шири од човек на човек и да предизвика глобална зараза.

Иако сè уште не е проблем, научниците тврдат дека ги има „сите карактеристики“ на висока прилагодливост кон луѓето и потребно е внимателно да се следи, а бидејќи е нов, луѓето имаат мал или никаков имунитет кон вирусот.

Во поглед на вакцина, во статијата се наведува дека постоечките за инфлуенца не може да бидат заштита, но оти во случај на итност, би можело да бидат прилагодени.