Богдановиќ: Во изолација сме сите што имавме контакт со Ралевска, таа се заразила најверојатно од сопругот

0
84

Маја Ралевска, вработена како секретар во општина Центар е заразена со коронавирус. Градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ го очекува резултатот од својот тест денеска после 13 часот. Тој и уште неколку вработени кои имале контакт со неа, денеска работат од дома, дознава А1он.

„Вчера ми направија тест откако дознавме дека секретарот Ралевска е позитивна. Преземени се сите мерки за претпазливост, ние постојано сме со маски, се дезинфицира, а и таа доаѓаше на сите состаноци со маска. Не верувам дека ќе има некој заразен, но сепак моравме да се тестираме. Се работи за околу 6 – 7 луѓе кои сме биле во контакт со Ралевска. Во Општината нема други заболени, а Ралевска најверојатно се заразила дома од сопругот кој исто така бил позитивен“, изјави Богдановиќ за „А1он“.