Британски научници тврдат – Декзаметазон е ефикасен во битката со Ковид

0
155

Евтиниот и нашироко распространет лек, дексаметазон, може да ги спаси животите на пациентите кои се со тешка клиничка слика поради корона вирусот. Ова е најновото истражување на британските научници, кои дошле до заклучок дека ниските дози дадени од овој стероид игра значајна улога во борбата против смртоносниот вирус.

Истражувањето го воделе тимот научници од Оксфорд Универзитетот. На две илјади пациенти им бил даден дексаметазон, и истите се споредувале со други 4.000 на кои не им бил даден. Резултатите се неверојатни велат научниците. Дексаметазонот го намалува ризикот од смрт за една третина кај пациентите кои се на респиратор. За оние кои се на кислородна поддршка, ја намалува смртноста за една петтина. Иако дексаметазонот се користи за смирување на воспаленија предизвикани од различни состојби, по се изгледа дека помага да се спречат оштетувањата кои во телото можат да се појават поради силната реакција на имуниот систем кој се активира во борбата со вирусот.

Препораката е да се дава дексаметазон на болничките пациенти без одлагање. Но, никако не смее да се купува за да се користи во домашни услови, бидејќи според истражувањето, дексаметазонот не помага кај пациентите со лесни симптоми на корона вирусот.

Лекот, е дел од широката палета на постоечките третмани кои се истражуваат, но влегува во категорија на лекови со најголем ефект.

Со 42 илјади жртви од корона вирусот, Велика Британија е на високото трето место во светот, а според научниците – ако дексаметазонот бил достапен во земјата уште од почетокот на пандемијата, ќе се спаселе пет илјади животи. Бидејќи е евтин, истиот може да е од голема корист во сиромашните држави кои се борат со високата бројка на заразени од ковид.

Во меѓувреме, бројот на заболени од корона вирус во светот надмина осум милиони луѓе, половина од нив се оздравени, а како последица на инфекцијата починаа речиси 440 илјади. Од СЗО велат дека во последните две недели секој ден во светот се регистрираат по повеќе од 100.000 потврдени случаи на коронавирус, претежно во САД и Јужна Азија.