Бројот на починати од Ковид-19 во Русија надмина 6.000

0
165

Во Русија бројот на починати од коронавирусот денес надмина 6.000.

Во последните 24 часа починал уште 171 пациент, додека еден ден претходно починале 112.

Вкупно од Ковид-19 починале 6.142 лица, соопшти кризниот штаб.

Дневниот раст на бројот на заболени е 8.595, а вкупно од почетокот на епидемијата во таа земја со Ковид-19 се заразиле 485.253 лица. Излекувани се вкупно 242.397 луѓе.

Во Москва се забележани 1.572 нови случаи, а од почетокот на епидемијата 198.590.

Во тој град починале 59 пациенти, односно повеќе од 3.000 од почетокот на епидемијата. Русија денес ги отвора границите за своите граѓани кои имаат потреба да одат во странство за работа, лекување и школување.

Во Москва денес е укинат режимот за самоизолација, дозволено е слободно движење и отворање на музеите, библиотеките и занаетчиските работилници.

Понатамошното ублажување на мерките ќе следи во уште две етапи, на 16ти и 23ти јуни.

Воената парада во чест на денот на победата 9ти мај е поместена и ќе биде одржана во Москва на 24 јуни, додека на 1ви јули во Русија ќе биде одржан референдум за промена на уставот.