ВИДЕО: Кордон полиција на влезот во Општина Будва – обезбедувањето го истуркало градоначалникот надвор од зградата

0
136

Службеници од приватното обезбедување го истуркаа од зградата на Општина Будва претседателот на Општината, Марко Царевиќ. Тој, како што најави утрово, тргнал на работа, но службениците од приватното обезбедување го спречиле во тоа. Царевиќ, заедно со шефот на кабинетот Никола Јовановиќ бил истуркан од зградата на Општината.

Припадници на обезбедувањето на груб начин од зградата ги истуркале и камерманите од Телевизијата Вијести. Царвиќ отишоч во полициска станица да поднесе кривична пријава, пренесува Вијести.

Тој рекол дека на списокот нема печат, дека без тендер е донесена приватна агнеција за обезбедување, односно дека Општината има агенција за обезбедување со која склучила договор.

Ни претседателот на СО Будва, Крсто Радовиќ не бил пуштен да влезе во зградата.

Тој го повикал лидерот на Црногорски, Владимир Булатовиќ „ако има малку човечност во него, да излезе“. Рекол и дека синот на министерот за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ „троши во Будва над илјада евра дневно“, а дека полициските службеници заработуваат 20 евра.

Пред зградата на општината се собрале голем број граѓани, а зголемено е и присуството на полицијата. Утринава на влезот од зградата бил поставен полициски кордон.