ВИДЕО: Фрлена експлозивна направа во пекара на потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски

0
106

Најверојатно бомба, била фрлена утрово околу 3 часот во семејната пекара на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

“Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!“, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Очекуваме повеќе информации од МВР.