ВМРО-ДПМНЕ: Дали финансирањето на владата на НВО на Мандиќ е поткуп за влијание пред почеток на судењето за Рекет 2?

0
95

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини власта дека сака да влијае во случајот „Рекет 2“ каде една од обвинетите е Јасна Мандиќ која беше дел од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, а беше и директорка во 1ТВ.

„Владата на СДСМ и дава пари на Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, обвинета во Рекет 2, а која сега се наоѓа во домашен притвор. Невладината организација на Јасна Мандиќ Ецеговиќ, обвинета за перење на парите на Боки 13 преку Меѓународниот сојуз и директорка во 1ТВ, во скратена постапка во ек на коронакриза од владата добила 882.000 денари.

Имаме извадок од службен весник од која се гледа дека „Ресурсен центар“ добил 882.000 денари од владата на Република Македонија. Дали финансирањето на невладината на Мандиќ со државни пари, праша Василевска, не е поткуп со цел влијание над обвинетата во тек на кривичната постапка, која се води против неа, а во која обвинети се и други лица дел од власта или блиски до неа“, праша Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.