ВМРО-ДПМНЕ: Кривична одговорност за загубените животи мора да има

0
93

Вчерашниот ден е најцрн ден од почетокот на пандемијата со 9 починати пациенти. Македонското здравство колабира, а пациентите не може да дојдат на ред за лекување. Повеќе од очигледно е дека на СДСМ не му е дојдено до здравјето на граѓаните. СДСМ и Зоран Заев се подготвени да газат врз мртви луѓе за свои теснопартиски интереси.

СДСМ го интересираат само брзи избори без обезбедени услови безбедно гласање на граѓаните што ќе допринесе за мала излезност и собрание без потребен легитимитет.

ВМРО-ДПМНЕ има два јасни услови за одржување на избори а тоа се: јасни протоколи за заштита на граѓаните и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна и да воспостави мисија во Република Македонија со која што ќе ги оценува понатаму изборите и избирачкиот процес.

ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати избори за време на пикот на епидемијата која никако не стивнува во кои ќе се ризикува здравјето на сите граѓани на Република Македонија.

Не може да му се дозволи на Заев и СДСМ да си играат со животите на луѓето“,се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.