ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се изненадиме ако се потврди дека се кријат бројките на новозаболени

0
71

Oпозициската партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека ситуацијата со коронавирусот во земјава целосно е излезена од  контрола и дека Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести и надлежните институции засега немаат решение за неконтролираното влошување на состојбата.

„Нема да изненади ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени, ги дозира, а целта е таа – да не се остави впечаток дека нема услови ниту на 5 јули да се одржат избори“,

изјави денеска д-р Андон Чибишев.

Тој смета дека има влошување на сите параметри кои, како што рече, водат кон епидемиолошка катастрофа со несогледливи последици и обвини дека со ваквите бројки земјата се искачи на врвот, каде што се бројат заболените и починатите од ковид-19.

„Во последните два дена Македонија има повеќе новозаболени колку што имаат сите држави од опкружувањето заедно“,

рече Чибишев на прес-конференцијата.

https://youtu.be/sQ-gv5P2LXs?t=7

Извор 360°