ВМРО-ДПМНЕ VS СДСМ за ковид-19: Власта е неспособна, Мицкоски ги минира мерките

0
137

Tриста осумдесет и шесте новозаразени во последните четири дена се доказ за неспособноста на власта да се справи со епидемијата од коронавирус, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение утрово се посочува дека бројките за состојбата на новозаболени и починати во Македонија се три пати поголеми од вкупниот број на заболени во регионот, а вкупно 843-те активни случаи и 147-те починати, говорат дека Владата е способна само за лагите кои што ги шири и префрлањето на вината на некој друг.

„Обидите за манипулирање на јавноста со лажирање на бројките, воведување на полициски  час преку ноќ, како и ширењето на вирусот со предизборни активности говорат дека СДСМ е најнепринципиелната партија која не само што го доведе во прашање животот и здравјето на граѓаните, се уште упорно се обидува да ја замајува јавноста со непромислени изјави“,

се вели во соопштението и притоа се обвинува Комисијата за заразни болести за нестручно и непрофесионално однесување.

„Јавноста беше сведок на незрелото и неодговорното однесување на Христијан Мицкоски, кој без срам ги прекрши мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот“,

возвратија од владејаччката СДСМ.

Во соопштението како реакција на ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ преку примерот на Мицкоски намерно и организирано не ги почитува мерките, надевајќи се на зголемување на бројот на заболени.

„Мицкоски нема никаков однос и одговорност ниту за болните, ниту за докторите, ниту пак за оние кои поради таквите како него, коишто не ги почитуваат мерките сега мораат да ги трпат рестриктивните мерки.  Дополнително, злоупотребувајќи ги своите инсталации во МВР се обидуваат да ги скријат трагите од прекршувањата на законите“,

се вели во соопштението.

Извор 360°