Вооружен напад во училиште во Словачка – момче извршило масакр, има мртви и ранети

0
91

Во едно училиште на северот од Словачка се случил вооружен напад.

Како што јавуваат словачките медиуми, 22-годишен маж убил едно, а повредил 5 лица. Меѓу повредените се и деца.

Поедини медиуми пишуваат дека наводно станува збор за вработен во училиптето кој потоа во полициска интервенција бил убиен. Нападот се случил во градот Врутки, а училиштето вклучува и основно и средно обазование, како и градинка.

Повредените биле пренесени во блиската болница, Станува збор за две деца и три возрасни лица, а словачките медиуми јавуваат дека меѓу нив е директорот и вработен во училиштето.

Напаѓачот имал 22 години и живеел во градот Мартин. Днес24 пишува дека полицајците го убиле напаѓачот со 4 куршуми. Наводно бил под дејство на дрога.