Во МВР има 41 заразен, а 180 се во самоизолација

0
74

Во Министерството за внатрешни работи 41 лице е позитивно на коронавирусот, а 180 се во самоизолација, изјави за „Утрински брифинг“ портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

По сознанието за заболени од Ковид-19 во зградата на МВР, по епидемиолошката анкета констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоцаија наредниве 14 дена. За среќа немаат потешка слика, рече Ангеловски.