Во Полска запленети 3 тони кокаин , вреден 761 милиони долари , скриен во замрзнат ананас (ВИДЕО)

0
85

Полските власти заплениле повеќе од три тони кокаин скриени во замрзнатата пулпа од ананас во вредност од повеќе од 761 милиони долари, рекордна заплена во земјата.

Денеска полицијата соопшти дека уапсила тројца мажи од северниот полски регион Померанијаж, на возраст од 64 и 71 година, како дел од истрагата.

Кокаинот е пронајден во замрзнат ананас во магацин во северниот град Гдањск, соопштија истражителите. Кокаинот пристигнал во тој град со автомобил од Хамбург, откако пристигнал таму со брод од Еквадор.

„Вредноста на откриениот кокаин е три милијарди злоти и може да се подели на преку милион дози“, изјави полскиот премиер Матеуш Моравиецки на прес-конференција. Три милијарди злоти вредат околу 761 милиони долари.

„Тоа би бил силен удар врз здравјето на нашите млади“, додаде полскиот лидер.

https://youtu.be/W2eOR_WeMgU?t=107

Нарко босовите од Јужна Америка испраќаат скриени пратки кокаин во Европа и покрај тоа што коронавирусот ги наруши синџирите за снабдување со дрога и ги принуди жителите да останат дома, соопштија претставници на одделот за наркотици.

Полска заплени два тона кокаин од Колумбија, во вредност од околу две милијарди злоти, во декември.Холандската полиција во неделата заплени два тона кокаин, пронајдени во пратка банани од Еквадор.

Извор Канал5