Во последното деноноќие 48 лица го прекршиле полицискиот час, регистриран 591 прекршок за неносење заштитна маска

0
140

Во тек е полицискиот час кој почна да важи од синоќа во 21 часот, а се однесува на сите скопски општини, како и за Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. За останатите градови важи забраната за движење од четврток од 21 до 05 часот, а петок и за викендот од 16 до 5 часот, следниот ден.

Во изминатото деноноќие, 48 лица што не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 38 лица, додека за останатите граѓани се земени податоци и за нив ќе следуваат соодветни мерки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 591 прекршок, а седум лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, велат од МВР.

Во последните 24 часа на 166 лица им се издадени решенија за изолација, а 197 потпишале изјави за самоизолација.