Во Сарај татко си го прегазил двегодишниот син

0
74

Во Сарај татко синоќа си го прегазил двегодишниот син додека го паркирал автомобилот.

Синоќа околу 23 часот детето со повреди е однесено во Градска општа болница „8-ми Септември“. Дваесет и деветгодишниот татко го прегазил детето движејќи се наназад со автомобилот „Мерцедес“, без да го забележи.

Во болницата само е констатирана смрт. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено за обдукција.