ВО СРБИЈА ОТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА

0
90

Утрово во 7 часот се отворени гласачките места поради одржување на редовните парламентарни, покраински и локални избори. Своето гласачко право ќе можат да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места.

Граѓаните на Србија ќе бираат пратеници во Народното собрание во кое има 250 пратенички места. Истиот ден граѓаните на Војводина ќе избираат и 120 пратеници на Покраинското собрание.

Гласачките места ќе бидат затворени во 20 часот.