Во Турција бројот на заразени расте

0
73

Турските власти објавија дека носењето заштитна маска е задолжително на јавно место во трите најголеми градови каде што бројот на заразени со вирусот е зголемен по олеснување на ограничувањата наметнати од епидемијата. Маските се задолжителни во Истанбул, Анкара и Бурса, како и во 47 од вкупно 81 провинција во Турција. Бројот на заразени лица се зголеми од почетокот на јуни, по отворањето на кафулињата, рестораните, спортските сали, парковите, плажите и музеите.

Министерството за внатрешни работи објави ограничен полициски час в сабота низ цела Турција, бидејќи милиони студенти полагаат приемни испити. Бројот на потврдени инфекции е околу 600 секој ден само во Истанбул, најнаселениот град во Турција, со повеќе од 15 милиони жители. Во главниот град Анкара има меѓу 127 и 177 нови инфекции на ден за еден месец, а тој број расте.

Турција досега пријави повеќе од 184.000 заразени и 4.882 смртни случаи од ковид-19.