Вучиќ за Ројтерс: Нема бело знаме, нема признавање

0
156

Србија е подготвена да преговара со Приштина, без временски рок и „со добра надеж“, но меѓусебното признавање не е на агендата, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Ројтерс.

„Ние сме подготвени да преговараме, но … нема бело знаме“, рече Вучиќ.

Претседателот рече дека дијалогот е добредојден ако станува збор за дијалог, кој ќе разгледа што е можно и што е компромис.

„Ние веруваме дека е во најдобар интерес на Албанците и меѓународната заедница да разговараат за слободата на движење на капиталот, луѓето и услугите“, објасни Вучиќ.

Во врска со ова, Ројтерс потсетува дека дијалогот со посредство на ЕУ беше суспендиран во 2018 година кога Приштина воведе 100 проценти даноци на српската стока и дека отстранувањето на таа трговска бариера од новата влада на Приштина, овој месец, го отвори патот за продолжи разговорите.

Агенцијата потсетува дека Србија мора да ги нормализира односите со Приштина пред влезот во ЕУ.

Вучиќ исто така истакна дека Србија сака избалансирани врски со Западот, Кина и Русија и да се стреми да стане членка на ЕУ, како и да постигне договор со Приштина.

Тој исто така истакна дека Белград не планира да избира меѓу Русија – природен словенски и православен сојузник, ЕУ – нејзиниот главен трговски партнер и Кина.

„Имаме своја агенда, едно столче, а не две. Како можеме да кажеме „да живее Хонг Конг и да живее Тајван“, а потоа да очекуваме кинеска поддршка за нашиот територијален интегритет? Да не спомнуваме дека Кина е нашиот пријател, кој ни помогна“, рече претседателот на Србија.

Според „Ројтерс“, Вучиќ се опишува себеси како „еврореалист“, додавајќи дека членството во ЕУ останува стратешка цел.

„Освен тоа што споделуваме заеднички вредности, реализираме 67 проценти од трговската размена со ЕУ“, потсети тој.