Големиот број нови случаи е последица на семејните собирања од пред 14 дена

0
118

Бројот на новозаболени од ковид 19 и денеска е троцифрен, 127 и тоа од 702 тестирања. Ако се изземе скринингот тогаш од 674 тестрирања речиси 20 проценти се болни. Со ова во континуитет веќе една недела секојдневно бројот на заразените е над 100. Расте бројот и на хоспитализирани и во целета земја е 189, а новопримени денес се 12 на инфективна и 10 во градската болница 8 ми септември.

Денеска се починати тројца болни кои се лекувале на клиниката за инфективни болести. Двајца пациенти од Скопје на 62 и 78 години, и 70 годишен кумановец. Според претседателот на комисијата за заразни болести и министерот филипче  ваквата слика е поради непочитување на мерките.

Скопје е повторно рекордер со 67, но загрижувачка е и бројката во Штип и тоа 33 ца. Тетово е трет град со 10, охрид има 6, струга 5 кочани и пробиштип по два  и Куманово и дебар по еден. Од скопските општини пак далеку пред сите е чаир со 168 активни случаи, Центар има 64, Бутел 63, Гази Баба 58, Аеродром 57 и Сарај 55. Според директорот на центарот за јавно здравје од Скопје активни се 658 случаи во скопје а од нив 390 или 65 проценти се од познати кластери. Но 210 не се поврзани меѓу себе.

Докторите и понатаму остануваат на ставот дека вирулентноста на вирусот опаѓа и покрај тоа што официјално СЗО не го објавило ова. Според нив тоа се докажува бидејќи од 10 новозаболени, тројца се асимптоматски.

Инаку денеска се оздравени седуммина четворица од Скопје, двајца од тетово и еден од гостивар.  со ова во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.