Голем раст на нови заразени во Италија

0
79

Бројот на нови заразени во Италија изнесува 518 лица во изминатите 24 часа за разлика од 177, колку што биле регистрирани претходниот ден, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Како што е соопштено, бројот на починати од коронавирус во Италија пораснал за 85, што е благ пад во однос на вчерашниот ден, кога бројот на починале 88 лица.

Вкупниот број на починати од Ковид-19 во таа земја изнесува 33.774, наведува Агенцијата, што е четврт најголем број на светот после САД, Британија и Бразил, пренесе „Ројтерс“.

Бројот на заразени од коронавирус пораснал на 234.531, што е шести најголем број на светот после САД, Русија, Шпанија, Британија и Бразил.

Од 518 нови заразени, 402 се од северниот регион Ломбардија, кој е најмногу погоден од епидемијата.

Од коронавирус се излекувале 163.781 лица, во Италија се направени на 2,5 милиони тестови.