Го застрелал со воздушна пушка во глава

0
85

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(23) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 06.05.2020 на ул.„Беровска“, во куќата на Н.А., пријавениот зел воздушна пушка и испукал и го погодил во главата Н.А., нанесувајќи му тешка телесна повреда, стои во соопштението од МВР.