Градоначалникот на Гази Баба хоспирализиран на Инфективната клиника

0
89

По Ганиу од Чаир, и Борис Георгиевски е заразен со коронавирус

Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, поради тоа што е заразен со коронавирус.

Во изјава за „А1он“, Георгиевски потврдува дека тестот што го направил синоќа, а утрово ги добил резултатите, е позитивен.

Тој изјавил дека е во добра состојба и без покачена температура, ама не одговорил од каде се заразил.

По Чаир, каде што градоначалникот е исто така заразен со коронавирус, Гази Баба е следна од скопските општини според бројката на заразени.

Горанчо Крстев од Чешиново – Облешево е првиот градоначалник што беше заразен со коронавирус, уште во почетокот на епидемијата во земјава. Во екот на заразата, позитивен тест имаше и градоначалникот на Куманови Максим Димитриевски, поради што во самоизолација заврши и премиерот Оливерс Спасовски и министрите Венко Филипче, Арбер Адеми и Бујар Османи.

Спасовски до пред некој ден беше повторно во самоизолација, како и целата прва постава на кандидатската листа на СДСМ во Втората ИЕ, откако беше потврдено дека со коронавирусот се заразани партискиот потпретседател Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска. Општина Гази Баба е, исто така, во состав на втората ИЕ, покрај Куманово и уште неколку скопски општини.

Извор 360°