Гранична полиција и редари воведуваат ред во Дојран каде пристигнаа 12.000 посетители

0
74

Гранична полиција и општински комунални редари воведуваат ред во Дојран откако викендов пристигнале околу 12.000 посетители. Според градоначалникот Ангов 80% од капацитетите се полни, но разочарувачки е што туристите се однесуваат неодговорно. Се фрупираат и не носат заштитни маски.

Во меѓувреме во Струмица се мери температура и се делат маски на трите влеза во градот. Превентивната акција ја спроведуваат Црвен крст, Свр Струмица и Дирекцијата за заштита и спасување.

Акциите ќе продолжат и во текот на наредните денови.

Извор Телма