Денеска завршува вонредната состојба, договор за избори се уште нема

0
86

Вечерва завршува вонредната состојба, што беше воведена од страна на претседателот Стево Пендаровски заради состојбата со епидемијата на ковид-19 во земјава. Тој на вчерашното обраќање пред јавноста рече дека нема да ја продолжи вонредната состојба, но дека има можност да ја преиначи одлуката за вонредната состојба и таа да биде продолжена уште неколку дена со цел да се дојде до меѓупартсики консензус за терминот на изборите.

Лидерите на двете најголеми партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на вчерашната средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски не постигнаа договор за датум за одржување на предвремени парламентарни избори. Заев и Мицкоски се договориле да продолжат да комуницираат околу датумот.

ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот Стево Пендаровски нова вонредна состојба поради зголемениот број на заболени и починати од ковид-19.

Претседателот Пендаровски првата вонредна состојба ја прогласи на 18 март. Втората беше со времетраење од 30 дена, а третата и четвртата која истекува денеска се со времетраење од 14 дена.