Денес се префрлаат 28 милиони евра за картичките со државните пари

0
76

Банките се подготвуваат за поделбата на картичките со државните пари. Министерството за финансии испратило налог до Трезорот и 28 милиони евра денес ќе легнат на банкарските конта. Картичките се дел испечатени, а нивната дистрибуција може да стартува етапно.

Во филијалата на една од трите најголеми банки, велат дека како ќе ги добиваат податоците, така ќе ги повикуваат граѓаните, а ќе се работи двосменски за да се опслужат сите. За таа цел оваа банка определила 5 филијали во Скопје, а секоја од нив ќе треба да подели по околу 5.000 картички.

Комерцијална банка, Стопанска банка –Скопје и НЛБ Тутунска банка, ќе издадат 85 проценти од сите платежни картички на територијата на целата држава. Веќе се вршат сите подготовки според безбедносните протоколи, а пред филијалите се обележува растојанието за да се спречи ризикот.

Без разлика што министерката за финансии Нина Ангеловска, неколкупати повтори дека картичките ќе се делат од 18 јули, дел од граѓаните и во четвртокот, влегуваа во филијалите само да проверат. А системот на МФ и вчера, беше прегреан и не функционираше.

Користењето на средствата е до 15 август.