ДИК ги одби сите приговори за предвреме почната кампања

0
69

ДИК на денешната сединца одби 37 приговори поднесени од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова за Македонија“, од коалицијата „Можеме“ на СДСМ и од политичката партија Левица.

Членовите на комисијата ги одбија приговорите со образложение дека во нив не биле прецизирани дејствијата за предвреме почната кампања. Инаку, денеска ДИК ги прифати барањата за набљудување на изборите на ОБСЕ и француската амбасада. ОБСЕ изборите ќе ги мониторира со 13 набљудувачи. ДИК ги повика сите кои сакаат да ги набљудуваат овие избори до 9 јули да достават барање.