Димитров најави дека Македонија може да ги отвори границите кон крајот на Јуни, во зависност од состојбата со пандемијата

0
139

Македонија можно е да ги отвори своите граници до крајот на јуни, но одлуката ќе се носи овие денови во зависност од ширењето на пандемијата со Ковид 19.

За ова разговарале и министрите за надворешни работи на Македонија и Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ кои се сретнаа во Ниш, а на разговорите присуствувале и епидемиолози.

Србија ги отвори своите граници без ограничувања уште на 22 мај. Дачиќ оцени дека Србија сака да ги јакне односите со Северна Македонија, на сите полиња, и најави дека в петок во Грција со шефот на дипломатијата Дендиас ќе разговара и за организирање на трилатерален состанок меѓу Грција, Северна Македонија и Србија на островот Крф, на ниво на шефови на дипломатии.

Извор Телма