Дипломатски извори велат дека Србија се согласила да прекине со кампањата против Косово, Дачиќ негира

0
157

Србија се согласила да прекине со кампањата за повлекување на признавањата на Косово, потврдија за новинарите дипломатски избори во Брисел, јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел.

Се наведува дека властите во Белград дале ваква согласност за да придонесат до атмосферата за нов почеток на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Еден од високите европски претставници кој се занимава со дијалогот меѓу Белград и Приштина истакна дека кампањата на Србија е „иритантно прашање“.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, пак, ги демантираше овие информации, изјавувајќи дека станува збор за „голема лага“.

„Србија не ја запре кампањата за повлекување на признавањето на Косово, ниту ќе запре ако сите други не престанат со кампањата за признавање на т.н Косово“, истакна Дачиќ, пренесува Танјуг.

Не е познат бројот на држави кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово, прогласена во 2008 година.