Дијалогот во Брисел продолжува – Тачи таму не е неопходен

0
104

На прво место за американските организатори на состанокот кои подолго се натпреваруваат со ЕУ околу заслуги во дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и за самиот Тачи, кој полагаше надежи токму во разговорите во Вашингтон.

Од друга страна ЕУ, која нагласува дека „постои само еден дијалог Белград – Приштина, и тоа оној во Брисел”, уште пред повлекувањето на Тачи од разговорите инсистираше Приштина да одреди нов преговарачки тим и главен преговарач, а Тачи е „добредојден” ако сака да се приклучи.

Во Брисел сега велат дека не се мешаат, но ја поддржуваат работата на Обвинителството. Од Приштина очекуваат исполнување на договореното за продолжување на дијалогот во Брисел во текот на јули.

„Важно е Специјалното обвинителство независно да ја продолжи работата, без мешање однадвор”, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Од канцеларијата на шефот на дипломатијата на ЕУ и главен посредник во дијалогот Белград – Приштина, Жозеп Борел, велат дека обвинението и одлагањето на состанокот во Вашингтон не треба да влијаат врз дијалогот во Брисел и порачуваат:

„Сѐ е спремно, датумите може да се усогласат. Не е на нас да одредиме со кого ќе разговараме, тоа треба да го каже Косово, кој сега најдобро ги застапува нивните интереси”, вели портпаролот на Борел.

Фон Крамон: Не треба Тачи да го води дијалогот

Известувачите на Европскиот парламент за Косово и Србија, Виола фон Крамон и Владимир Билчик, неодамна заедно пружија поддршка за продолжување на дијалогот и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

„Верувам дека процесот пред Судот и дијалогот Белград – Приштина можат и треба да се раздвојат”, вели Виола фон Крамон за Дојче веле. „Дијалогот треба да помогне во решавање на несогласувањата меѓу двете земји, без оглед кои се лидери на тие држави.”

Фон Крамон оценува дека ЕУ е непристрасен посредник во дијалогот. Таа очекува напредок уште летово.

„Уставот на Косово е многу јасен, вели дека главен преговарач е премиерот, а не претседателот. Тачи имаше важна улога, но не е негова работа да постигнува договори и да го продолжува дијалогот.”

Билчик: Семејствата на жртвите чекаат правда.

„Посветеноста на Косово кон дијалогот не се базира само врз едно лице. Во прашање е процес. Верувам дека Косово ќе обезбеди соодветни претставници за следната рунда”, вели известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик.

Тој вели дека внимателно ја следи и ја поддржува работата на Специјалното обвинителство за Косово. „Истрагата за злосторствата извршени во текот на војната на Косово се дел од компликуван процес на идентификација на извршителите и пронаоѓање на вистината за грозните злосторства. Тоа е важно за помирувањето и напредок на целиот регион, но и пресудно за европскиот пат на Косово. Уште постојат семејства на жртви кои чекаат правда”, наведува Билчик.

По подигањето обвинение против Тачи, специјалниот известувач на ЕУ Мирослав Лајчак разговараше во Брисел одделно со косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Заедничка оценка е дека дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина нема алтернатива и продолжувањето се очекува во следните недели.