Досега 379 хоспитализирани од Ковид 19, медицинскиот персонал е преморен, вели Филипче

0
79

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека досега се хоспитализирани 379 пациенти заразени од Ковид 19.

„Иако има голем број на хоспитализирани, се уште има капацитети. И тоа во Битола, Охрид, Куманово, Гостивар, Штип. Од денеска започнува да се организира и да профункционира лабораторијата во Битола. Во монтажната болница има 60 слободни кревети. Во Козле има само еден хоспитализиран пациент. И покрај тоа што има доволен болнички капацитет, медицинскиот персонал навистина е преморен. Засега добро функционира, но не можеме да издржиме без помош од граѓаните, вели Филипче.