До четврток одлука за евентуални нови рестрикции

0
77

Комисијата за заштита од заразни болести до четврток треба да донесе одлука во врска со евентуално воведување рестриктивни мерки на одредени подрачја. Како што кажа министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција, Комисијата ги следи бројките, по што ќе следува донесувањето на соодветни одлуки.

Министерот напомена и дека во Штип затворени се шесте конфекции, ќе се тестираат ооколу 600 вработени.

Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти. Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработените, како што претходно информира на прес-конференција Иринка Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Во Тетово се издадени осум решенија на за домашно лекување и самоизолација, а 54 решенија за здравствен надзор и изолација по основ на контакти. Досега се завршени 70 тестирања од планираните 150.