Драма на автопатот Миладиновци: Им го пресекле патот, излегле од автомобил и ги нападнале

0
121

Три лица биле нападнати од тројца мажи на автопатот Миладиновци, информира МВР.

-Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 36-годишниот Р.Д. од Скопје пријавил дека на 02.06.2020 околу 13:30 часот, додека бил заедно со 34-годишниот М.М. од село Беловиште, тетовско и 28-годишниот Г.Д. од Скопје, во патничко возило „бмв Х5“, со скопски регистарски ознаки, во близина на клучката кон село Горно Коњари на автопатот Миладиновци, им бил попречен патот од патничко возило „ауди А4“, со велешки регистарски ознаки и патничко возило „голф 5“, со непознати регистарски ознаки, од каде излегле Ф.Ф., Е.Ф. и уште едно лице и истите им упатувале закани и физички ги нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.