ДСЗИ ги поништи сите решенија за изолација и државен карантин од 13 јуни

0
69

Се поништуваат решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за лица под здравствен надзор, домашна изолација и државен карантин за периодот од 13 до 25 јуни, информираат од Владата. Главниот координативен кризен штаб, како што соопштуваат од владината прес-служба, доставил барање до ДСЗИ за престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Македонија со негативен ПЦР тест на Ковид-19.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13 јуни до 25 јуни во 2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на Ковид-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на Ковид-19 по нивното враќање во Република Северна Македонија од земја со висок/среден ризик за Ковид-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат“, информираат од владината прес-служба.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во „Слободен печат“ во текот на два последователни дена почнувајќи од 26 јуни, а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Северна Македонија“.