ДУИ најавува Висок суд за еднаквост и антидискриминација

0
83

Разрешување на директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери и неговата замена со Александар Стојанов е срамен чин на политичка одмазда, напад врз слободата на говорот и демократијата и чин на дискриминација, реагира и денеска партијата ДУИ по рзрешувањето на директорот Зибери.

– Арбен не би бил отпуштен да беше Македонец и не е случајност што неговиот наследник се нарекува Александар, туку е јасен пример на дискриминација и слаб обид на СДСМ за евтини политички поени меѓу македонски гласачи на избори, изјави Арбер Адеми од ДУИ.

Тој најави формирање на Висок суд за еднаквост кој ќе може да ги поништи сите, како што рече, дискриминаторски одлуки на државните институции.

-И покрај сите напори и реформи и зголемувањето на застапеноста во судовите, но и во другите државни институции, Албанците сè уште се соочуваат со обесправеност. Со премиер Албанец ние сите ќе воспоставиме еден Висок суд за еднаквост, кој ќе ги испита сите еднострани етнички прашања во судството и администрацијата и каде Албанците и другите немнозински етнички заедници, можат да поднесат жалба против дискриминација. Овој Висок суд за еднаквост ќе има целосна моќ на Врховен суд и ќе може да ги поништи дискриминаторските одлуки на сите државни институции. Време е да се создаде еднакво општество во Северна Македонија, каде сите граѓани имаат исти права и можности, рече Адеми.