Експерти – До септември тешко до договор меѓу Белград и Приштина

0
173

Укинувањето на мерките за реципроцитет од страна на новата косовска влада се очекува по двете години да ги врати на преговарачката маса Приштина и Белград. Иако се бара засилување на преговорите, а септември оваа година се споменува како оптимален рок за постигнување на конечен договор, таквото нешто се смета за тешко.

https://youtu.be/MJ_Y7wlDlLs

„Тешко е да се предвиди краен рок, бидејќи се зборува за конечен договор, бидејќи се зборува за конечен договор, треба да се решат многу прашања. Косово и Србија имаат големи несогласувања, познато е дека Србија има претензии кон Косово“, рече Виолета Хаџоли, Демократски институт на Косово.

„Она што треба да разговараме е суштината на тој договор, намерите на тој договор. Начинот да се решат толку многу отворени прашања што ги имаме со Србија. И роковите ќе дојдат природно на крајот на овој процес. Одредувањето рокови однапред без да се разговара за низа нерешени прашања со Србија е контрапродуктивно“, рече Демуш Шаша- институтот „Епик“.

Вчера Владата на Косово го одобри решението за укинување на реципроцитетот со Србија, додека премиерот Хоти ја опиша одлуката како отстранување на пречката за дијалог со Белград. Поранешниот премиер на Косово, Албин Курти рече дека со неодамнешната одлука на владата, Косово ја презема вината за досегашниот недостаток на дијалог. Курти рече дека со оваа одлука, Владата на Косово и направила „добра услуга на Србија“, додавајќи дека сега Косово ќе влезе во дијалог како виновник за доцнење на овој процес.