„Ербас” планира тужби против неажурните авиокомпании

0
84

Европскиот производител на авиони, конзорциумот „Ербас” е подготвен да ги тужи авиокомпаниите што одбиваат да ги исполнат своите обврски од склучените договори и да ги преземат нарачаните авиони, изјави денеска директорот на компанијата Гијом Фори, објави црногорскиот портал Банкар. ме

Производителот на авиони и компаниите за изнајмување авиони добиле бројни барања од авио-компаниите да ги одложат испораките поради генералниот пад на побарувачка во воздушниот сообраќај.

Фори уште кажа дека некои авиокомпании, што не сакаше да ги идентификува, ги отфрлале неговите повици за време на кризата со коронавирусот, но изрази надеж дека и со нив ќе се постигне компромис.

Компанијата „Катар ервејс” неделава ги предупреди „Ербас” и американски „Боинг” да ги одложат испораките или ќе ја загубат довербата кај клинетите и можноста за натамошен бизнис.